„Дневни Аваз“: Следниот месец БиХ ќе го добие ЕУ прашалникот

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Европската комисија подготвува прашалник за Босна и Херцеговина, што до крајот на ноември еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе треба и официјално да им го предаде на Претседателството и Владата на БиХ, тврди „Дневни аваз“.еу бх

Весникот неведува дека тој чин означува официјализирање на новиот договорен однос меѓу БиХ и Европската Унија и нов чекор на патот на земјата кон членство во блокот.

Раководителот на Дирекцијата за евроинтеграции на БиХ (ДЕИ), Един Дилберовиќ ја потврди информацијата, додавајќи дека ДЕИ има сознанија за 2.500 потенцијални прашања, кои веќе им ги испратила на државните институции.

– Во меѓувреме, последниве години се усвоени нови директиви, од кои исто така, произлегуваат одредени прашања. Ќе има и долнителни прашања, кои за секоја држава се различни. Се очекува ЕК на БиХ да и даде рок од четири до шест месеци да ги достави одговорите на сите прашања, рече Дилберовиќ.

Прашалникот е поделен на три категории, кои се однесуваат на политичките и економските критериуми и на европските правни регулативи.

Во делот за политичките критериуми, некои прашања се однесуваат на уствниот и институционалниот поредок, во смисла – спроведување на одлуките на Уставниот суд, распределба на државниот имот, колку регистрирани партии има и сличмо. 

Земјата исто така, ќе се соочи со прашања околу слободната трговија, оданочувањете, енергетика, социјална политика, вработувањето, правосудство и многу други сфери, наведува „Дневни аваз“