Дневно умираат до 1.000 Американци од коронавирус

од Vladimir Zorba

Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Соединетите држави ги туркаат болниците на работ на капацитетот и убиваат до 1.000 луѓе на ден, покажуваат последните податоци, при што голем дел од вниманието на земјата е насочено кон претседателските избори во вторник.

САД го срушија својот дневен рекорд по бројот на новозаразени во четвртокот, регистрирајќи најмалку 91.248 нови случаи, откако 21 држава го пријавија својот најголем дневен број на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

Бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирус се зголеми за над 50 проценти во октомври, на 46,000, што е највисоко од средината на август.

Според најновото истражување на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД регистрирале девет милиони случаи на коронавирус, поточно 9.007.298, што е најмногу во светот.

Слични содржини