ДНК анализата потврди: Телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Според првите информации по обдукцијата, телото што вчера беше извлечено од Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит.

Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење.

Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

Претходно, претставници на загрепската полиција пристигнаа во Белград и со српските колеги разменија оперативни податоци од истрагата.

Матеј Периш се бара од последниот ден на декември минатата година, а познавачите на Дунав рекоа дека можно е телото дури сега да излегло на површина бидејќи температурите се повисоки, а во Белград дувал силен ветер. Претпоставуваат дека телото се заглавило под Панчевскиот мост и затоа нуркачите не можеле да го најдат бидејќи во тие услови реката можат да ја пребаруваат само со допир.

Слични содржини