274
Странските платеници кои се осудени на смрт во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) ќе бидат егзекутирани доколку нивните жалби бидат одбиени, изјави денеска лидерот на ДНР Денис Пушилин.
„Сите странски државјани поднеле жалби на пресудите. Доколку судот оцени дека оваа казнена мерка и казна е соодветна, нивните предмети ќе бидат предадени на надлежниот орган за извршување на пресудата. Смртната казна во ДНР предвидува стрелање“, изјави Пушилин во живо за ТВ каналот Соловиев, а пренесе агенцијата ТАСС.
Лидерот на Доњецката Народна Република прецизираше и дека се собрани докази за случаите на „повеќе од 100 милитанти на украинскиот националистички баталјон Азов и дека нивните досиеја ќе бидат предадени на судот“.