Од 26-ти октомври годинава во земјава, речиси секојдневно не престануваат дојавите за лажни бомби на територијата на Македонија. Почетокот на ваквите немили настани соодветствува со посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен која на тој датум пристигна во земјава.
Во петокот 16-ти декември, испратени беа закани на имејл-адресите на десет училишта во Скопје и пет училишта во Битола, како и на Фудбалскиот федерација на Македонија, хотелот Александар Палас, хотелот Мериот, трговскиот центар Ист Гејт, спортската сала Борис Трајковски и Меѓународниот аеродром Скопје.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека македонската Влада го информирала НАТО за „хибридните закани“.
Заканите со бомби деновиве беа насочени кон институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени згради. Само во четвртокот, на 15-ти декември, имало 49 пријави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци и Куманово.
Министерството за надворешни работи на Германија ги предупреди германските граѓани да бидат внимателни и внимателни кога патуваат во земјава поради заканите за бомби.
На германските граѓани им се препорачува да останат информирани за моменталната ситуација преку доверливи локални и социјални медиуми и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносните сили.
Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека се работи за хибридна војна и потврди дека надлежните служби во Министерството за внатрешни работи работат на ова прашање во координација со партнерските служби од НАТО. Свој коментар даде и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
„Извештаите за бомби во Северна Македонија се дел од хибридните закани кои се јавуваат и во земјите во регионот, што е доволна причина да се алармира НАТО. Во четвртокот комунициравме со структурите на НАТО за да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, кои се можните причини“, изјави Османи.
Анонимните пораки за поставени бомби во Северна Македонија најпрво почнаа да пристигнуваат на 26 октомври до основните и средните училишта, а во последните денови до трговските и деловните центри, државните институции, спортските објекти и сали и хотелите.
По руската инвазија врз Украина од март годинава во Србија, Црна Гора, БиХ имаше серија на лажни дојави за бомби за деловни згради, студентски домови и трговски центри, а кулминираа кон училиштата. Во мај српската полицијата направи проверка во вкупно 224 училишта, а во јуни во повеќе од 300, додека во целиот тој период на проверки наставата мораше да се одвива онлајн.
Пред неколку дена во српскиот град Крагуевац, неколку средни училишта добиле дојава дека во нивните згради била поставена бомба, што отпосле се покажаа како лажни. Пред месец дена српските медиуми објавија дека на своите електронски адреси добиле мејл со дојава за поставени бомби на повеќе локации во градовите ширум Србија.
-Како што убивте невини цивили на Косово, во Босна, во Хрватска, сега ќе видите како е кога ќе се случи масакр на улиците во вашите градови. Ништо не научивте, не беше доволно НАТО да ве бомбардира, не се откажувате од идејата за ‘српско Косово’. Ако НАТО не ве натераше да се откажете, ако првата генерација на УЧК не ве натера да се откажете – ние ќе ве натераме, така што војната ќе ја пренесеме во вашите домови, станови, компании, канцеларии, на вашите улици, се наведува во мејлот што бил испратен до српските медиуми.
Закани за експлозивни направи имаше и во Црна Гора, која исто како и Македонија е членка на НАТО. Во текот на минатата недела денеска на интернет адресите на основните и средните училишта пристигнаа заканувачки пораки дека се поставени бомби, по што наставата е прекината, а учениците се евакуирани. Тамошната полиција откри малолетник државјанин на Чешка кој не е поврзан со Црна Гора, кој ги испратил дојавите.
„Полициската управа ја информира јавноста, особено родителите на основците и средношколците, како и воспитувачите, кои беа директно погодени од лажните пријави за бомби во училиштата низ Црна Гора во последните два дена, дека успешно одговори на овој комплексен предизвик и овој пат“, се наведува во соопштението.
И во Хрватска лажни дојави за бомби. На 9-ти декември во 93 државни институции и приватни фирми во Хрватска стигнале закани. Меѓу таргетираните беше и Врховниот суд. Во пораките пишувало: „Во судот е поставена бомба“; „Ќе ја урнеме Владата на Република Хрватска“; „Не сме во војна со обичните граѓани“; „Не ни треба смрт“; „Цел – уништување на згради“…