Денеска на адресата на Народната банка пристигнала дојава за поставена експлозивна направа, дознава „Локално“ од свои извори.
Вработените се евакуирани, а во тек се антитерористички проверки.
Од кога почнаа заканите за бомби, ова е прва дојава која ја добива државна институција.
Претходно денес околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така учениците се евакуирани, а наставата во прва смена нема да продолжи.
Речиси секој ден на 26 октомври на електронските адреси на скопските средни училишта почнаа да пристигнуваат заканувачки мејлови за поставување бомби. Изминативе денови, заканувачки пораки добија и некои основни училишта во Скопје, како и училишта во градовите во внатрешноста на земјата.