148
Катар Ервејс бара работници од Македонија, Хрватска и Србија за аеродромот во Хамад, Доха. Пополнува слободни позиции во комерцијалните и админстративни делови на компанијата. Со цел регрутирање персонал од Македонија во Скопје ќе се одржи тематски настан кој што ќе биде наменет за искусни агенти кои ќе треба да работат на аеродромот во Хамад, Доха. Работата вклучува комуникација со лица и реализација на административни процедури при чек ин, полетување и трансфер на патници.
Работните места предвидуваат средно образование, одлично познавање на англиски јазик и две години работно искуство на слична позиција. Крајниот рок за поднесување на апликации е 1. јуни, а повеќе информации за настанот може да најдете тука.