Во просек во текот на 24 часа има од 80 до 120 интервенции, граѓаните понекогаш бараат и совети, а ако имаат ургентна состојба, тие се приоритет за реакција на ИМП, вели во Утрински брифинг координаторот на Брза Помош, Д-р Милица Бубало.
-Итната медицинска помош има таква организациска поставеност во диспечерскиот центар постојано има тим на доктор и сестра кои што одговараат на повиците на граѓаните и ги дистрибуираат до екипите кои што се на терен. Во моментов во Итната медицинска помош имаме осум тима во текот на дневната смена седум тима во текот на ноќната смена, рече д-р Бубало.
Докторката смета дека во моментов со овој медицински кадар може да се покријат потребите на граѓаните, но доколку би имале можност за нови вработувања секако би биле задоволни, рече таа.