Денеска до до 14 часот на територијата на земјава имало вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 4 се под контрола и 3 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
АКТИВНИ: 1
1. Општина Кратово: с. Соколица, мала Амбарци (ниска вегетација);
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);
3. Општина Желино: с. Мерово (мешана шума);
4. Општина Гази Баба: гробиштата во с. Стајковци (ниска вегетација);
ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Виница: место викано Панек (ниска вегетација);
2. Општина Радовиш: с. Дедино (ниска вегетација);
3. Општина Битола: ул. Димитар Тодоровски (ниска вегетација).