До 16 часот гласале 2762 болни или немоќни лица

Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Охрид њуз

Гласањeто започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16:00 часот гласале 2762 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК).

-Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 16:00 часот гласале 78 гласачи, соопшти ДИК.

Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.