До 18.30 часот денеска, на територијата на земјава се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 4 активни и 3 под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
🔥 Активни: 4
🟠 Под контрола: 3
✅ Изгаснати: 11
🔥 АКТИВНИ (4):
1. Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума)
2. Општина Струга – Октишка краста (ниска вегетација)
3. Општина Липково – с. Опае (ниска вегетација)
4. Општина Делчево – с. Вирче (ниска вегетација)
🟠 ПОД КОНТРОЛА (3):
1. Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
2. Општина Арачиново (ниска вегетација)
3. Општина Демир Хисар – с. Мало Илино (дабова шума)
✅ ИЗГАСНАТИ (11):
1. Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
2. Општина Македонски Брод – с. Крапа (нискостеблеста вегетација)
3. Општина Крива Паланка – с. Нерав, место „Биљино“ (ниска вегетација и шума)
4. Општина Струга – с. Белица (багреми и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Тетово – с. Џепчиште (ниска вегетација)
6. Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
7. Општина Тетово – с. Жеровјане (ниска вегетација)
8. Општина Тетово – кај Железничка станица (ниска вегетација)
9. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација)
10. Општина Могила – атар на с. Могила (ниска вегетација)
11. Општина Битола – с. Лажец (депонија)
До 18.30 часот, 18 пожари на отворен простор – активни биле пожарите во „Јасен“, кај Октиси, кај Опае и кај Вирче
6