До 18 часот, 3 пожари под контрола

од desk2
8 прегледи

До 18 часот, на територијата на Р.С.Македонија биле регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Сепак, во ова време немало активни пожари, само 3 под контрола – а останатите 7 пожари биле изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи

ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);
3. Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 7
1. Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште)
2. Општина Долнени: с. Алинци (депонија)
3. Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација)
4. Општина Струга: с. Делогожда (стрниште)
5. Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација)
6. Општина Брвеница: с. Радиовце (ниска вегетација и мешана шума)
7. Општина Гази Баба: позади КПД Идризово (ниска вегетација)