До 18:15 часот на територијата на Р.С.Македонија имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 4 активни, 4 под контрола и 4 изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
АКТИВНИ: 4
1. Општина Прилеп: с. Радобил (ниска вегетација и шума);
2. Општина Врапчиште: с. Дебреште и с. Зубовце (ниска вегетација);
3. Општина Охрид: с. Волино (ниска вегетација);
4. Општина Липково: с. Оризари (ниска вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Струга: с. Корошишта (ниска вегетација и стрниште);
3. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);
4. Општина Сарај: с. Кондово (ниска вегетација).
ИЗГАСНАТИ: 4
1. Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума);
2. Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ниска вегетација);
3. Општина Конче: с. Дедино (ниска вегетација);
4. Општина Кочани: с. Грдовци (ниска вегетација и ѓубриште).