До 20.000 евра – толку чини транзитот на еден илегален мигрант низ Бугарија

од desk2
22 прегледи Фотографија: МВР на Бугарија

До 20.000 евра чини транзитот на еден илегален мигрант низ Бугарија, објасни директорот на бугарската Гранична полиција, Антон Златанов.

Според него, на група од 24 мигранти, кои се превезуваат најчесто со минибуси преку бугарската територија, им треба околу минута и половина со помош на високи скали да се прекачат пред жичената ограда на бугарската граница.

Потоа, во зависност од тоа какви удобства се користат, за преминување на две граници и транзит по бугарска територија, мигрантите плаќаат од 5.000 до 20.000 евра.

Во 2023 година, таа сума изнесувала од 700 до 1.000 евра по мигрант, објаснува директорот на бугарската Гранична полиција, Антон Златанов.