„До балчак“ ем трагедија за буџетот, ем актерите се уште си ги бараат хонорарите

од Vladimir Zorba
419 прегледи

Во снимките на разговорите што ги презентираше Зоран Заев, за кои се тврди дека се водат помеѓу министрите Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, меѓу другото се вели:„Трагедија е кога за култура ми оди 5 посто од буџетот, тоа е трагедијата. И филмот на Стале Попов – е тоа е трагедијата наша“.

до балцак

Во разговорот всушност станува збор за режисерот Столе Попов и за неговиот филм „До балчак“ кој е најскапиот филм во историјата на македонската кинематографија со вкупно 3 милиони евра.

Од нив 500 000 евра ги додели Агенцијата за филм, а уште со околу 2,5 милиони евра филмот беше финансиран директно од Владата, како национален интерес со пари од граѓаните. По завршувањето на филмот, продукцијата доби голем број тужби за неисплатени хонорари и други давачки.

Тогаш, од Агенцијата за филм се тврдеше дека долговите ќе се вратат од парите што ќе ги заработи филмот прикажувајќи се во кината. Но, актерот Перо Арсовски на својот фејсбук профил, вчера, напиша дека хонорарите се уште не се исплатени.

11042120_10206285711716906_1817119601_n

Арсовски пишува: „Според Ставревски, продуцент на “До балчак“ е премиерот (со наши пари, се разбира) а не „Стале Попов“.

Е па ја користам оваа прилика да го замолам да ни ги исплати хонорарите кои ни ги должи и за кои имаме судски пресуди. П.С. Кој ќе ги плати новите давачки на хонорарите, бидејќи договорите ни се од пред две и пол години?“