До четврток топло и нестабилно со локален пороен дожд

од Nikola Popovski
303 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 21 до 28°C.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени Целзиусови.

До четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.

Слични содржини