Министерството за здравство денеска објави дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани.
„Прва доза вакцина вчера примиле 5.401 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.821 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани“, велат од МЗ.
Според нив, со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.