До години Бугарија ќе земе дел од Македонија

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Наскоро ќе настапи вистински хаос на Балканот, прогнозира британски дипломат.

1465746983-1-oncoportalnet (1)

Aко западното влијание на Балканот почне да се намалува, неизбежно ќе следат нови конфликти, кои ќе доведат до ново прекројување на границите на полуостровот, пишува српски “Блиц”.
Нови локални војни како оние од 90-тите ќе избувнат на различни места. Ова го тврди во новата книга Тимоти Лес, кој бил началник на Британскиот конзулат во Бања Лука. Според него хаосот ќе започне со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, која по референдумот ќе се приклучи на Србија.

Ова ќе биде поддржано и од Русија, која со нетрпение очекува слабеење на Западот на Балканот. Овие настани ќе предизвикаат домино-ефект. Хрватите од Босна ќе се обидат да ја отцепат територијата на која се мнозинство. Ќе се кренат и Албанците во Македонија, кои ќе земат поголем дел од сегашната нејзина територија. На проширената Албанија потоа ќе пристапи и Косово и така ќе го оствари својот сон за Голема Албанија.

Апокалиптичната прогноза продолжува со немири во Црна Гора. Просрпскотонаселение ќе бара пристап во веќе проширената Србија. Својата шанса нема да пропуштат Грција и Бугарија, кои ќе ги поделат останатите парчиња од Македонија, прогнозира Лес.