С.Македонија, БиХ и Косово преку Ковакс механизмот во овој период ќе добијат по 100.620 дози на фајзеровите вакцини.
Според најавите во 47 земји ќе бидат дистрибуирани приближно 14,1 милиони дози вакцини од Фајзер и Бионтек и тоа во вториот квартал оваа година, соопштија денес од Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација.
Радио Слободна Европа пренесува пак, дека испораката на вакцините ќе се спроведе во периодот од април до јуни оваа година.
ГАВИ, инаку кој раководи со Ковакс заедно со Светската здравствена организација и Коалицијата за иновации во подготвеност за епидемијата, наведува дека тие во првиот круг доставиле 1,2 милиони дози Фајзер вакцини на 18 учесници во програмата.
Во текот на вториот круг доставени се 237 милиони дози на вакцината Астра Зенека до 142 учесници во програмата и испораката е сè уште во тек.
Земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добија во средината на март.
Така, Северна Македонија, како и Црна Гора добија 24.000 вакцини АстраЗенека, Босна и Херцеговина доби 26.400 дози вакцини Астра Зенека, како и 23.400 вакцини БиоНТех-Фајзер. Исто така, се очекува на 22 или 23 април да пристигнат 81.600 дози вакцини Астра Зенека.
На Косово пристигнати се 24.000 дози Астра Зенека, а се очекува Косово во рамките на програмата да добие вкупно 100.800 дози вакцини Астра Зенека.
Земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добијат во средината на март. Во Северна Македонија на 28 март годинава пристигнаа 24.000 дози вакцини од производителот „АстраЗенека“.