До крај на февруари ќе имаме колективен имунитет, а на 8-ми март ќе играте чочеци, тврди д-р Беќаровски

од Nikola Popovski

Докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски упати апел до членовите на Комисијата за заразни болести, да ги променат протоколите за изолација на контактите со заразените пациенти.

-Ако уште утре не ги смените протоколите и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!! Сите ќе бидеме во изолација.

Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост, смета д-р Беќаровски.

Според него, задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.

-Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани. Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци, објави д-р Беќаровски.

Слични содржини