До крајот на денот ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

УХМР соопшти дека до крајот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе има развој на нестабилна облачност и услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според УХМР, во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа, во следните денови, времето ќе биде стабилно и многу топло.

Слични содржини