Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (вторник) 2022 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.
Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:
За сите граѓани на РМ:
2 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.