До крајот на неделава ќе заврши ажурирањето на „МојДДВ“, велат од УЈП

од Nikola Popovski
192 прегледи

Управата за јавни приходи (УЈП) информира до крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата МојДДВ.

-Тимот на УЈП е целосно ангажиран со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки, велат во УЈП.

Со надградбата на софтверот потенцираат од Управата, ќе се овозможи напреден начин на скенирање што ќе значи еднакви можности за сите граѓани без разлика на мобилниот телефон што го поседуваат.

-Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено баркод читачот кој го овозможува телефонот, појаснуваат од УЈП.

Претходната од институцијата соопштија дека потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберат опцијата ,,Основен,,. Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

-По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер,, да ја изберат опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки, стои во соопштението од пред шест дена.

Слични содржини