145
Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша на твитер министерот Венко Филипче, кој веќе е во Тетово и во секој момент се очекува да соопшти детали за пожарот.
Дека има голем број на починати потврди и премиерот Зоран Заев во објава на фејсбук. Во моментов се очекува некој да даде изјава и да ги соопшти црните податоци за вечерашнава несреќа.