До наредна прилика: Меган и Хари се простија од титулата и фановите

359 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари ја напуштија Велика Британија и прво се преселија во Ванкувер, а сега и во Лос Анџелес. Британските медиуми пишруваат дека Меган Маркл таму ќе се обиде да ја оживее својата актерска кариера која ја остави поради кралското семејство.

Од денеска тие и официјално престануваат да бидат дел од кралското семејство, со сите свои титули, но и обврски. За Меган и Хари почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат се простија и од популарниот кралски профил на Инстаграм, каде ги следеше повеќе од 11 милиони следачи.

View this post on Instagram

As we can all feel, the world at this moment seems extraordinarily fragile. Yet we are confident that every human being has the potential and opportunity to make a difference—as seen now across the globe, in our families, our communities and those on the front line—together we can lift each other up to realise the fullness of that promise. What’s most important right now is the health and wellbeing of everyone across the globe and finding solutions for the many issues that have presented themselves as a result of this pandemic. As we all find the part we are to play in this global shift and changing of habits, we are focusing this new chapter to understand how we can best contribute. While you may not see us here, the work continues. Thank you to this community – for the support, the inspiration and the shared commitment to the good in the world. We look forward to reconnecting with you soon. You’ve been great! Until then, please take good care of yourselves, and of one another. Harry and Meghan

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

„Вртиме ново поглавје во нашиот живот и сакаме да придонесеме за светот на поинаков начин. Иако можеби нема да можете да не гледате повеќе тука, нашата работа продолжува. Веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот како и вие самите би го направиле светот подобро место. Се веселиме на некоја нова прилика, бевте одлични. Дотогаш, чувајте се себе си и блиските“, напишале меѓу останатото Хари и Меган во прошталната објава.

Парот од април ќе мора сам да се финансира и повеќе нема да може да ги користи кралските титули. И порано беше познато дека нема да може да го користат зборот „кралски“ за своите брендови, па и профилот очекувано е изгаснат. Без оглед на сите главоболки кои ѝ ги зададоја, кралицата истакна дека тие секогаш ќе бидат сакани членови на семејството, а и понатаму ќе присуствуваат како гости на поголемите кралски случувања.

Слични содржини