264
До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 12 до 24 степени, а максималната од 25 до 40 степени.
Како што соопшти УХМР, в недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.