До почетокот на ноември ќе се надмине проблемот со учебниците, најави Шаќири

од Nikola Popovski
163 прегледи

Министерот за образование, Јетон Шаќири денеска информираше дека многу наскоро ќе се надмине проблемот со недостигот на учебници за учениците.

-Според сите буџетски средства што ги имаме на располагање, има завршено и постапката за економски оператор. Тоа што го имам кажано неколку пати и за учебниците, дека во текот на месец октомври и на почетокот на ноември, ќе почне со нивно печатење, кои се одобрени од Националниот совет. Стојам на тоа. Голем дел од учебниците се одобрени, некои ќе се одобрат на седницата на Советот во петок. Гледам позитивна енергија во ова, рече Шаќири по отворањето на тркалезната маса „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“, во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

Одговорајќи на новинарско прашање, Шаќири истакна дека образовниот процес за да нема недостиг доставиле подготвителните материјали за прво, второ, четврто и петто одделеление.

Слични содржини