Согласно одлуката на Владата за забрана за движење на граѓаните од одредени општини во периодот од денеска од 21 часот заклучно со 8-ми месецов до 5 часот, како и прогласувањето на 5 јуни (петок) за неработен ден за сите граѓани, подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи (управните служби) нема да бидат во можност да ги реализираат закажаните термини на граѓаните за аплицирање за лични документи.
Во таа насока, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи за ден 5 јуни 2020 година ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела, односно од 8-ми до 12 јуни во истата подрачна единицa, односно дисперзирана канцеларија и во истата базна станица во која е закажан терминот.
– Закажаните термини за деновите 6 јуни и 7 јуни 2020 година за аплицирање за лични документи во Одделението за управни работи Скопје, ќе се реализираат во деновите 13-ти и 14 јуни, а терминот и базната станица остануваат исти, информира МВР.