До септември 2018 македонските компании ќе мора да ја завршат стандардизацијата

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Македонските компании до септември 2018 година треба да ја завршат ревизијата на стандардите Исо 9001 и Исо 14001 кои се однесуваат на системите за управување со квалитет и за животна средина, информира Телма.

319854_336174393122556_1494329550_n
Над 160 компании со Исо 9001 и околу 15 –тина со Исо 14001 ќе мора да ги имплементираат новите препораки доколку сакаат и натаму да бидат застапени на европските пазари.
Еден европски стандард заменува 33 национални и отвора пазар за над 500 милиони потрошувачи