До следната среда ќе биде сончево и многу топло, во понеделник благо опаѓање на температурата

од Nikola Popovski
474 прегледи

И денес ќе биде многу топло, информираат од УХМР. Дневните температури на места ќе достигнат околу 41 степен поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Kон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје сончево со мала облачност и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура се очекува да достигне до 39 степени Целзиусови.

Според УХМР, до следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник.

Слични содржини