До Собранието доставени оставките на министрите и замениците од СДСМ

од desk3
94 прегледи

Претседателот на Владата за организирање на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев попладнево до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите и замениците министри предложени од СДСМ во техничката Влада.

ministri-zamenici-vlada-860x672

Доставени се оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

Димитриев “фрла ракавица” за враќање на Груевски !? – Ако нема избори, престанува потребата од техничката влада

Спасовски, Ташевска – Ременски, Наумов, Николовски и Кирацовски денеска до премиерот доставија условени оставки во кои бараат тие да бидат констатирани доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието.

Според оваа одлука, Парламентот треба да се распушти на полноќ. Во тек се разговори меѓу политичките партии за можно одложување на оваа одлука./MИА