Нема проблеми во процесот на попишување и се се одвива во со посакуваниот интензитет, информира директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар.
Тој посочи дека до утре очекува бројка од милион попишани граѓани.
-Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече меѓу другото Симовски.
Тој информираше дека текот на пописот е во рамките на она што го очекувавале, па дури и со темпо кое што мислат дека е подобро од очекуваното.
-Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави Симовски.
Пописот ќе трае до 30 септември.