До утрово изгаснати 30 пожари, активни уште три

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека противпожарните тимови (некаде заеднички – здружени од повеќе општини) изгаснале 30 пожари до утрово, а три се уште се евидентираат како активни.

Карактеристично, според информациите, за вчерашните пожари, е што до пладне немало пријавено пожари и нивното појавување почнало од 13.15 часот.

Тогаш наеднаш се пријавени три пожари: два во Скопско и еден во Струмичко, а поголемите пожари почнале на крајот на денот и доцна во ноќта. Последниот бил пријавен во 23.20 часот – пожар над с. Новоселани во правец кон с. Лепопелци во Општина Чешиново-Облешево.

-При вчерашните пожари горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, а и прагови на железничка пруга. Конкретно, при пожарот што започнал околу 14:30 часот и се уште е активен, кај с.Слепче во Општина Долнени била зафатена ниска вегетација, грмушки и дел од праговите на железничката пруга. Заради опожарување на железничките прагови, а и заради работа за промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива. Покрај овој пожар кај с. Слепче, активни се уште два, во: Општина Прилеп, кај с.Алинци, каде што горела сува трева и ниска вегетација и во Општина Сарај, кај с.Радуша при што прво горела депонија, а потоа пожарот се раширил во околната вегетација и во Општина Долнени, кај с.Слепче, каде што гореле сува трева, грмушки и железнички прагови. Заради опожарување на железничките прагови, односно поради промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива, информираат од ЦУК.

Утринава во 06.50 часот има пријава за пожар кај Градец каде гори сува трева и борова шума. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Крива Паланка.

ЦУК апелира до граѓаните, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација што е сува.

Слични содржини