
Пред астрономски да дојде пролетта на (20 март) ќе не зафати една од најсилните магнетни бури за годинава. Моќна сончева бура ќе се појави на 16 и 17 март, објавија од НАСА.
По само неколку дена “одмор” ќе има и трета бран од магнетна бура – на 23 март. При силно ерупција на сонцето, во вселената почнуваат да паѓаат плазма честички кои летаат со голема брзина кон планетите од нашиот сончев систем. Магнетните бури се случуваат во момент кога плазмата ќе ја достигне атмосферата.
Некои од луѓето се почувствителни при магнетни бури. Специјалисти советуваат во овие денови да се воздржуваме од алкохол, масна, зачинета и солена храна. “Пијте многу течности, слаби чаеви и свежо цедени сокови. Воздржете се од силно кафе и силен чај. Исклучете големо физичко оптоварување. Избегнувајте расправии и конфликти “, велат лекарите.