Пандемијата го смени нашиот секојдневен живот, а камоли патувањата. Дали некогаш сте замислувале дека покрај стандардниот, по ново може да користите и таканаречен „ковид-пасош“?
Според американскиот весник „Вашингтон пост“, ова е концепт што се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Концептот овие денови (додека, на пример, првата вакцинација започнува во Велика Британија), забрзано станува реалност.
Според „Пост“, „ковид-пасошот“ првенствено е наменет за меѓународни патници. Во случајот, оние споменати во тој весник, се работи за апликации.
Едната од нив е веќе во пробна употреба, а другата е во завршна фаза на развој. Корисниците во овие апликации може да ги постават своите верификувани резултати од тестовите и – еден ден – доказ за вакцинација.
Апликацијата што веќе се тестира се нарекува CommonPass и е „тестирана“ од овој месец на летови на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг (иако некои работи по тоа прашање се веќе направени во октомври). Програмата работи преку апликацијата Apple Health на iOS или CommonHealth на Android, поврзана е со 230 здравствени системи во САД и работи со код за скенирање што содржи податоци за корисници – резултати од тестови или сертификати за вакцинација, како и планови за патувања.
Апликацијата, според сегашните реакции, им се допаѓа на пример, на Star Alliance, која веќе повика на воспоставување глобален систем за верификација на тестирањето и вакцинацијата. Многу авиокомпании размислуваат за вакцинирање како услов за идно патување.