ЕП и Советот на ЕУ: Падна договор за „ковид-пасошите“

од Nikola Popovski

Европскиот парламент и Советот на ЕУ вчера постигнале договор за воведување дигитални сертификати за граѓаните на ЕУ, кои треба да го олеснат патувањето во земјите на Унијата од јуни.

Договорот е постигнат по четири рунди преговори меѓу Европскиот парламент и земјите-членки, а врз основа на предлогот на Европската комисија за воведување дигитални сертификати кои ќе „отворат граници“, ќе биде признаен од сите земји-членки и ќе се однесува на информации за вакцинација, антитела поседување или негативен ПЦР-тест.

Во Брисел наведуваат дека денешниот договор го отвори патот „заедничките европски дигитални сертификати да бидат подготвени од јуни, како од аспект на правни, така и од технички услови“.

ЕУ одлучи – се отвора за вакцинираните

Европскиот парламент наведува дека со прифаќање на сертификатот, земјите-членки на ЕУ се обврзале да се воздржат од воведување дополнителни ограничувања на патувањето, како што се дополнителни тестови или карантин, освен ако не се потребни за заштита на јавното здравје.

Европската комисија вети дека ќе мобилизира 100 милиони евра во рамките на Механизмот за итна поддршка за поддршка на достапноста на достапни тестови.

Дефинитивно е решено – во ЕУ можат ревакцинираните со одобрени вакцини

Во тек е и предлог за усогласување на дигиталните зелени сертификати со сертификати од трети земји, а Советот на ЕУ денеска ги повика земјите-членки да ги признаат во меѓувреме сертификатите за вакцинација издадени од трети земји.

Слични содржини