Теса Кларк сака луѓето внимателно да размислат за количината на храна што сакаат да ја купат за Божиќ. „Ги охрабруваме луѓето реално да го планираат празникот“, вели Кларк, основач на популарната британска апликација „Olio“.
„Olio“ им овозможува на граѓаните и бизнисите да споделуваат несакана, но сепак за јадење храна која инаку би исчезнала. Додава дека има огромни количини вишок храна, а според податоците годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна.
Тоа е, инаку, дури една третина од вкупно произведената храна, според Обединетите нации. Во Велика Британија, се наведува, таа незавидна бројка е 6,6 милиони тони годишно, од кои три четвртини се уште може да се јадат кога се фрлаат.
Проблемот е секогаш најголем за време на празничниот период, кога многу домаќинства и угостителски објекти купуваат дополнителна храна за Божиќ и други прослави, пишува Би-Би-Си.
Гледајќи само два прехранбени производи на празничната трпеза, Wrap проценува дека секој декември во Велика Британија се консумираат околу два милиони мисирки и 74 милиони пити со мелено месо.
Годинава постојаната неизвесност поради кoрoната, „омикрон“ и потенцијалните правила за физичко дистанцирање, може да доведе до уште поголемо фрлање на божиќната храна од вообичаеното, се наведува. Тоа е затоа што домаќинствата, пабовите и рестораните нема да бидат сигурни колку храна да купат за гостите.
Апликациите за редистрибуција на храна, како „Olio“, се надеваат дека ќе помогнат да се решат тие вишоци. На пример, познатите супермаркети на Tesco се еден од нивните клиенти. Како дел од оваа шема, волонтерите на „Olio“, познати како „Food Waste Heroes“, одат во нивната локална продавница на Tesco за да земат храна што се ближи до крајот на рокот на траење. Тие потоа го редистрибуираат локално, и на поединци и на групи во заедницата.
Програмата сега поврзува 35.000 обучени волонтери со други компании. FoodCloud, ирско социјално претпријатие кое се занимава со „отфрлена храна“, исто така откри дека луѓето очигледно се помалку загрижени за проблемот за време на празничниот период.
„Спроведовме анкета меѓу 1.000 возрасни луѓе во Ирска“, вели коосновачот, додавајќи дека приближно една третина велат дека консумираат повеќе храна за Божиќ во споредба со другите периоди од годината.