Доаѓаат горештини: В среда и четврток температури и до 39 степени

од Берта Китинска
319 прегледи

Утре ќе се задржи сончево и топло време, а попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека в среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

Од петок, пак, според УХМР, ќе преовладува претежно стабилно и топло време.

Максималните температури во државава утре ќе достигнат до 36 степен, задутре до 38 , а в четврток до 39 степени. Во Скопје за утре е прогнозирана максимална температура до 34 степени, а за Гевгелија до 36 степени.

Слични содржини