Германскиот Mercedes-Benz официјално потврди дека развива бебе G Class, кое компанијата го опишува како „Little G“.
Потврдата дојде на промоцијата на концептот CLA на саемот за автомобили во Минхен, каде германската марка покажа и тизер слика од идната мала Г класа.
Додека во оваа рана фаза се познати само ограничени детали за новиот модел, извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус рече дека возилото ќе пристигне за „неколку години“, но додаде дека компанијата допрва треба да одреди дефинитивен датум.
„Имаме нешто за фановите на G ширум светот. Всушност, вечерва беше најавено дека тоа ќе биде „Little G“. Така, и ќерката или синот на „Big G“ за неколку години ќе дојде меѓу обожавателите на G ширум светот“, вели Калениус.
Тизер-сликата објавена од Mercedes ги покажува контурите на новиот модел, потврдувајќи дека тој ќе има сличен облик на кутија како обичната Г-класа, но ќе биде помал. Исто така, се нарекува г-класа наместо Г-класа, што ја одразува нејзината помала големина. Сепак, не се знае дали ќе биде возило со 2 или 4 врати.
Гласините за бебе Г-класа се појавија претходно оваа година, откако германските медиуми тврдеа дека таков модел е поставен за лансирање во 2026 година. Изворите тврдат дека ќе се базира на MMA платформата на компанијата и би можел да се продава исклучиво како EV со електрична архитектура од 800 волти