Електричниот Mercedes G-Class ќе пристигне во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Производителот на автомобили Mercedes го најави доаѓањето на новата електрична Г-класа уште во 2019 година.

Извршниот директор на компанијата Ола Калениус рече дека возилото ќе пристигне до крајот на 2024 година.

Компанијата најави електрична верзија на G-Class со нулта емисија на штетни гасови уште во 2019 година. Автомобилот најверојатно ќе го носи значката EQG. Минатата есен, Калениус тестираше прототип на EV на полигоните на Mercedes во Грац, Австрија.

Компанијата вообичаено ги проценува и тестира новите модели од Г-класата со мотори со внатрешно согорување на овие места за тестирање. Се чини дека Калениус е задоволен од тестирањето. „Од сега па натаму возењето надвор од патот ќе биде електрично“, рече Калениус.

Електричната верзија на G-Class има големо значење за компанијата и нејзините идни планови. Mercedes планира да има линија на целосно електрични возила до 2030 година.

Слични содржини