Ако до неодамна беше табу тема модели plus size да ги покажуваат своите тела, тогаш веќе се забележува тренд во која дамите со поголеми димензии не само што ги откриваат облините, но и ги провоцираат оние како нив да престанат да се срамат од начинот на кој изгледаат.
Сè почесто тие ги вадат на изложба крупните тела во социјалните мрежи, собираат допаѓања, а оттаму влегуваат и во медиумскиот простор.
Раскажуваат лични приказни како од скромни и срамежливи станале луѓе со самодоверба. А. со овие свои споделени емоции покажуваат дека не само слабите и оние со спортски изглед имаат право да бидат обожувани.
Симона Марипоса е пример за поддршка на адолесцентите полни девојки. Ѝ се восхитуваат повеќе од 36 илјади луѓе во Instagram. Таа живее во Лос Анџелес и ја демонстрира својата самодоверба, објаснувајќи дека “Ние носиме што сакаме” (WeWearWhatWeWant).
Според неа полните жени не треба да се плашат да се разголуваат. Така тие ќе ја вратат довербата во себе.
Кон хаштагот се приклучуваат илјади истомисленици, вклучувајќи и полни дами кои активно објавуваат свои фотографии во различна облека.
Видете во галеријата некои од нив.