Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре и во вторник на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, вели метеоролошката прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот на утрешниот ден, кога локално ќе бидат во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време – над 15 л/м2, со силен ветер над 60 км/ч и изолирана појава на град.
Во Скопје утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Во делот на Скопската котлина ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во случај на грмотевици, се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрва или високи вертикални конструкции.