Добил кривична откако му се заканувал на судија пред неговата куќа

од Nikola Popovski
49 прегледи

Пензионер упатувал закани кон судија поради незадоволство од судска одлука, информираат од полицијата.

Појаснуваат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.О.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

-На 29.04.2025, поради незадоволство од судска одлука, пријавениот упатувал закани на М.П. – судија во Основен суд Гостивар во неговата куќа во с.Вруток, Гостиварско, стои во билтенот на МВР.

Слични содржини