Добиле половина милион евра на грепка, но неизвесно е дали ќе им бидат исплатени парите!

од Nikola Popovski
106 прегледи

На двајца бездомници кои купиле добитна грепка со украдена картичка им била дадена понуда која може да им го промени животот – дел од џекпотот од 500.000 евра доколку го донесат добитниот инстант лоз.

Целата ситуација ги оставила адвокатите збунети околу тоа кој има право на добивката: тој што ја купил грепката или тој што го платил и дали Лотаријата воопшто ќе исплати пари?

Весникот „Паризиен“ ја опиша целата приказна како нешто што заслужува свој филм. Двајца бездомници упаднале во автомобил паркиран во центарот на Тулуз на 3 февруари и украле ранец со картички и лични документи кои му припаѓаат на извесен Жан Давид.

Оштетениот (42) ја пријавил кражбата во полиција и ја контактирал банката за блокирање на картичките. На прашањето дали се користени картичките, тој бил информиран дека во три попладне тој ден, крадците со една од картичките купиле предмети во вредност во 52,50 евра во продавница.

Повеќе загрижен за да ги најде документите, Жан-Давид отишол во продавницата следното утро за да ја објасни ситуацијата и да праша дали имаат камери од видео-наздорот.

– Се надевав дека барем ќе ги најдам документите, но продавачот не можеше да ми помогне. Ми кажа дека се сеќава на двајца бездомници меѓу 30 и 40 години кои купиле цигари и грепка. Му делувале сомнително затоа што со картичката веќе купиле, а потоа сакале да земат уште нешто, но кога од нив побарале да го внесат пинот на картичката, не го знаеле, изјавил тој во полиција.

Откако го изгребале лозот, откриле дека освоиле џекпот од 500.000 евра, па се вратиле во продавницата за да ја подигнат својата добивка и им било кажано да контактираат со компанијата што ја води француската национална лотарија.

– Сопругата на сопственикот на продавницата рече дека се сомнева дека ќе ги најдат бидејќи го проверила лозот и навистина добиле 500.000 евра. Таа рече дека биле толку среќни што ги заборавиле своите пет кутии цигари, изјавл Жан Давид.

Оттогаш, ситуацијата е во своевиден правен вакуум. Крадците не се обиделе да ја земат премијата, а полицијата во Тулуз го замрзнала добитниот инстант лоз додека не заврши истрагата.

Жан Давид сега ги повикал крадците да контактираат со неговиот адвокат.

-Зошто да не склучиме пријателски договор? Зошто да не ја споделиме добивката?, прашал Французинот.

Слични содржини