269
Поради закана упатена преку телефон кон премиерот Андреј Пленковиќ и министрите, безбедноста околу владата била зајакнета.
Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата.
Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.