ДОБРА ВЕСТ ОД АМЕРИКА: Вакцината против корона ќе биде регистрирана до крајот на ноември

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на американскиот Национален институт за здравство, Френсис Колин, денес изјави дека американската вакцина против коронавирус најверојатно ќе биде регистрирана до крајот на ноември.

„Малку е веројатно дека тоа ќе се случи пред крајот на ноември, со оглед на стандардите што мора да се почитуваат. Тоа ќе биде вакцина што е тестирана според најстрогите стандарди за безбедност и ефикасност“, навел Колинс, пренесува Си-ен-ен.

Запрашан да ги коментира нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз директорот на Институтот за алергологија и инфективни болести, Ентони Фаучи, Колинс го поддржа својот колега, истакнувајќи дека тој е најценетиот инфектолог во светот, во кого има голема доверба.

Тој исто така предупреди дека САД никогаш не излегле од првиот бран на вирусот, што особено го погоди Њујорк, а како доказ за тоа, тој го наведе фактот дека бројот на пациенти никогаш не паднал на нула.

Како причина за тоа, Колинс го наведе неуспешното презентирање на ефективни мерки за јавно здравје, како што се задолжително носење маски, социјално дистанцирање и миење раце, и посочи дека семејствата не треба да се собираат за претстојниот Ден на благодарноста.

Слични содржини