345
По ужасната слика и повредата на Кевин Де Брујн во финалето на Лигата на шампионите, пристигна добра вест.
Одличниот Белгиец и предводник на Манчестер Сити сепак би можел да настапи на Европското првенство во јуни. Покрај тоа, според сите проценки, неговото учество на ЕП е сигурно!
Белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави дека Де Брујн ќе се приклучи на тимот следната недела и дека нема да мора да има операција на носот и окото.
Според Мартинез, прогнозите се охрабрувачки и белгискиот ас ќе добие неколку дена одмор, па ќе биде тука за Европското првенство.
Белгијците ќе започнат со учесвството на 12 јуни, со натпревар против Русија, а Де Бруин ќе биде во тимот од понеделник, под услов се да биде во ред.