65
Германскиот централен бек Антонио Рудигер ќе биде подготвен да игра за осминафиналето со Данска на ЕП 2024. 31-годишниот дефанзивец мораше да биде изнесен од терено од соиграчите по натпреварот против Швајцарија бидејќи се здоби со повреда на тетивата.
Во Бундестимот се стравуваше дека можеби нема да се опорави навреме, но сега веста е позитивна за Јулијан Нагелсман. Ова ќе реши дел од проблемите на „панцирите“ во одбраната, бидејќи Јонатан Та е суспендиран поради акумулирани картони и најверојатно ќе биде заменет во стартната постава од Нико Шлотербек.
Рудигер тренираше целосно за прв пат во петокот и ќе му биде на располагање на Нагелсман за саботниот дуел од 21 часот, што е реприза на финалето на Евро 1992 година.