Добри вести за Ливерпул: Тиаго би можел да се врати против Наполи

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Тиаго Алкантара ги продолжи тренинзите и е дел од 21-члениот тим кој патуваше со тимот на Ливерпул за нивниот дуел од групата А во Лигата на шампионите против Наполи, објави клупската веб-страница. „Тиаго тренираше два дена по ред и е подготвен. Мора да видиме колку долго ќе може да игра“, изјави менаџерот Јирген Клоп пред натпреварот.

Сепак, капитенот Џордан Хендерсон останува надвор од терените поради повредата што ја заработи при минатонеделната победа над Њукасл. Играчот од средниот ред ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.

Фабио Карваљо и Кертис Џонс исто така не отпатуваа со соиграчите во Италија.

„Најпрво Кертис имаше болки во коската кај тибијата. Наводно помина и тренираше двапати, но потоа повторно почувствува тензија. Не е многу, но е доволно сериозно за да го извади од тренажниот процес“, изјави Клоп. „Фабио, од друга страна, имаше проблем во бедрото. Оди нормално, но не може да тренира. Се надевам дека ќе биде подготвен за викендот, но тоа не можам да го гарантирам 100 проценти“.

Слични содржини