Обвинителите во Шведска во четвртокот наутро потврдија дека ја затвораат истрагата за наводното силување во Стокхолм во октомври, во кое ѕвездата на Реал Мадрид и Франција, Килијан Мбапе, беше спомната во печатот како можен осомничен. Државниот орган наведува дека ја прекинува постапката поради недостиг на докази, откако водел истраги во текот на еден месец, во кои не утврдил казниво дело, пренесува шведски „Афтонбладет“, цитиран и од шпанските и француските медиуми.
„Во текот на истрагата едно лице е пронајдено со основано сомнение за силување и два случаи на сексуално вознемирување, но сметам дека доказите не се доволни за продолжување на постапката и затоа истрагата е затворена. Наведеното лице не е осомничено дека сторил кривично дело“, се вели во изјавата на обвинителката Марина Чиракова.
Станува збор за инцидентот во Стокхолм, за кој се шпекулираше дека е вмешан Мбапе, беше за време на репрезентативната пауза во октомври, кога капитенот на Франција не играше за „петлите“. Наместо тоа, тој отпатувал во главниот град на Шведска, каде се забавувал со своите познаници.
Неколку дена подоцна, шведските медиуми објавија дека во истиот хотел во кој бил сместен играчот се случило силување и дека тој е „разумно осомничен“ за злосторството. Шведските обвинители тогаш потврдија, без да го споменат Мбапе, дека отвораат истрага за утврдување на факти, која денеска беше затворена поради недостиг на докази и без да се спомене капитенот на француската репрезентација.